Кумановец пријавен за демнење и психичко насилство врз поранешна партнерка
02.06.2026 21:38
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишниот С.А. од кумановско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Според полицијата, пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство врз својата поранешна партнерка, следејќи ја и вознемирувајќи ја преку различни телефонски броеви, при што ѝ упатувал и закани.