Мени

Кумановец пријавил семејно насилство – нападнат од сопругата

27.04.2026 22:08 | KumanovoNews

Нов случај на семејно насилство е регистриран во Куманово, а овојпат жртва е сопруг кој пријавил дека бил физички нападнат од својата сопруга.

Кумановец пријавил семејно насилство – нападнат од сопругата

Според информациите од полицијата, вчера во 04:50 часот, 49-годишен жител на Куманово пријавил дека бил нападнат од сопругата А.С.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.