Кумановец прободен со нож во „Кристал“
23.04.2019 14:23
| KumanovoNews
Кумановец е прободен со нож во раката од негов сограѓанин во објектот на поранешниот хотел „Кристал“ во Куманово.

Инцидентот се случил околу 18 часот. Кај У.З.(27) од Куманово, кој привремено престојува во поранешен хотел „Кристал”, него дошол С.Т.(32) од Куманово и по вербална расправија со остар предмет му нанел повреда на левата рака.
С.Т. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.