Кумановец се обидел да прошверцува девојка во багажник на мерцедес
08.01.2019 10:02
| KumanovoNews
Момче од Куманово сакало да пренесе преку граница девојка од Косово во багажникот на својот автомобил.

Вчера во 16,15 часот на граничниот премин-Долно Блаце на влез во Р.Македонија по извршена царинска контрола во багажниот простор на патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С.(23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л.(19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи. Од извршениот разговор лицето изјавило дека е К.С.(20) од Косово. Лицата биле приведени за понатамошна постапка.