Мени

Кумановец се запалил во затвор во Битола

20.04.2015 08:45 | KumanovoNews

Ферат А. од Куманово синоќа се самозапалил во притворското одделение во Затворот-Битола.

Кумановец се запалил во затвор во Битола

Несреќата се случила во 21.30 часот откако осуденикот се посипал со колонска вода.

Кумановецот се здобил со изгороници по целото тло и бил сместен во Битолската болница.

Поради сериозноста на повредите и тешката здравствена состојба, пациентот е пренесен на Скопските клиники каде се бори за живот.