Кумановец со мотор излетал од патот, итно пренесен на скопските клиники
19.06.2019 09:52
| KumanovoNews
Едно лице е потешко повредено откако паднало од мотоцикл.

Несреќата се случила вчера во 10.30 часот на локалниот пат Куманово-с.Романовце, кога Џ.С.(66) од Куманово управувајќи мопед „Апен 6“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Џ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата Куманово, по што бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.