Кумановец уапсен на Скопскиот аеродром
28.05.2019 08:44
| KumanovoNews
На граничниот премин на „Меѓународниот аеродром Скопје“, вчера во 15.30 часот, при пасошка контрола било констатирано дека М.М.(30) од Куманово се наоѓа на стоп листата со мерка „А“(апси) од Основен суд Куманово.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.