Кумановец за еден месец извршил 7 кражби
04.08.2015 11:32
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.М.(39) од Куманово под сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „одземање моторно возило“.

Во текот на предходниот месец, пријавениот влегол во три куќи од каде одзел златен и сребрен накит, мобилни телефони и разни предмети, а исто така одзел и едно патничко возило и три моторцикли. При извршување на кривичните дела пријавениот на оштетените им нанел штета во износ од околу 233.650 денари.