Кумановка доби автомобил од „Фискална на рака...„
18.02.2015 12:41
| KumanovoNews
Наташа Николовска од Куманово доби автомобилот Пежо 208 на наградната игра Фискална во рака, награда без мака.

Денеска и беа врачени клучевите од колата.
Во триенаесетото коло од наградната игра кое беше последно во минатата година, беа доделени и еден стан, еден деловен простор и уште 150 вредносни ваучери за среќните учесници. Организаторите најавија дека наградната игра треба да продолжи и годинава.