Кумановка повредена во сообраќајка на Предејане
        21.01.2015 11:26
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Вaлeнтина С. од Куманово е тешко повредена во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила на патот Врање- Белград, на местото Предејане во Грделичка клисура.
 
                  Македонската државјанка со тешки повреди на главата и рацете е префрлена во болницата во Лесковац.
Во нејзиниот автомобил БМВ удрило товарно возило по што настанал верижен судир, пренесуваат српските медиуми.
Очевидци велат дека во верижниот судар учествувале 8 автомобили камиот и комби, а се случил најверојтно поради слабата видливост на патот. Во сообраќајката се повредени 9 лица.
(фото Блиц)



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



