×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие 47,7 милиони денари за изградба на канализациja во Табановце, Четирце и Сопот од парите од ТАВ

    24.02.2021 08:40 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе добие 47,7 милиони денари или околу 800.000 евра од од неизградениот карго аеродромот во Штип, кои Владата одлучи да ги подели на општините во државата.

    Куманово ќе добие 47,7 милиони денари за изградба на канализациja во Табановце, Четирце и Сопот од парите од ТАВ

    Вкупни 35 милиони евра ќе се прераспределат за 99 инфраструтурни проекти во 75 општини. Овие средства се од концесионерот на аеродромите ТАВ кои требаше да бидат наменети за изградба на карго аеродром во Штип.

     Советникот од ДПСМ Саша Николиќ на последната седница го праша градоначалникот Максим Димитриевски, колку средства ќе добие Општината и за што ќе се потрошат.

    „Ме интересира по кои критериуми се поделни овие средства, бидејќи по некои мои информации многу помали општини по територии и по жители добија повеќе пари“,  праша Николиќ.

    Градоначалникот Димитриевски објасни дека Општината Куманово не била контактирана кои проекти да се финасираат, ниту пак бил отворен повик за да аплицираат со конкретни проекти.

    „Министерството за животна средина ја информирало Владата дека уште во 2017 година имаме поднесено проект за изградба на фекална канализација, продолжеток на фекалниот колектор, од селата Горно Којнар до Четирце и Табановце, и без да бидеме консултирани бевме известени дека овој проект е усвоен од Владата. Ние само усно сме информирани, а се уште немаме писмена информација и детали за реализација на преоктот“, рече Димитриевски.

    Како што е објавено во Службен весник, станува збор за преокт за фекален колектор за три села: Сопот, Табановци и Четирце, со вкупна проектна вредност од 47.749,000, денари.

    Димитриевски се согласува со констатацијата на советникот Николиќ, дека средствата не се правилно распоредени и дека имало фаворизирање на одредени општини, бидејќи при распределбата на средставта не е водена сметка за степенот на развиеност на регионот или по бројот на жители.

    (С.Н.)