Куманово ги слави двата Илиндена
02.08.2019 07:36
| KumanovoNews
Денеска се слави Денот на Републиката - 2 Август, 116 години од Илинденскато востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

Со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ во манaстирот Прохор Пчински, удрени се темелите на македонската држава. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.
Годишнината од Илинден ќе биде одбележана во Пелинце, Крушево и Скопје.
По повод Денот на Републиката во меморијалниот центар АСНОМ, денеска ќе се обрати претседателот на Собранието Талат Џафери.