Мени

Куманово го зафати невреме со дожд и град

05.05.2017 11:03 | KumanovoNews

Силно невреме со дожд и град го зафати денеска Куманово, малку пред 13 часот.

Куманово го зафати невреме со дожд и град

 Градот кој паѓаше повеќе од 10 минути ја побеле земјата и улиците. Невремето беше проследено со силен ветер и електрични празнења.  Дознаваме дека град ги столчил и околните кумановски села, особено селото Режановце,  каде предизвикал големи штети на земјоделските култури.