22. 10. 2020 12:58

Куманово конечно е Општина без долгови, кажа Димитриевски

Куманово конечно е Општина без долгови, кажа Димитриевски

 По осум годишна финансиска блокада, Општина Куманово од пред неколку месеци е со одблокирана сметка. Куманово конечно е општина без долгови. Со транспарентно и одговорно менаџирање со средствата, како и дополнителна помош од Владата, успеавме во изминатиот период да ги вратиме долговите и да ја направиме Општината подготвена за нови инвестиции, изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој ги презентираше активностите и проектите реализирани во изминатата година, а по повод тригодишниот мандат.

- Во текот на измината година Општината направи сериозни вложувања во инфраструктурата и образованието, урбанизација и грижа за потребите на граѓаните. Кетивме Куманово кое обезбедува достојни услови за живот, и ги исполнуваме нашите ветувања. Изграден е локален патен правец за поврзувања од с. Доброшане до Биљановце во должина од 2,04 километри. Асфалтирани се повеќе улици во различни населби од градот во вкупна должина од 27 километри и тампонирање на повеќе од 39 километри локален патен правец, - рече Димитриевски.

Општина Куманово особено е посветена на обезбедување на современи услови за учениците.

Изградена е нова училишна спортска сала на ОСТУ „Наце Буѓони“, реконструкција и изградба на нови тоалети адаптирани за лица со попреченост во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“,  замена на подови, реновирање и реконструкција на училници во главната училишна зграда наСОУ Перо Наков, ООУ „Крсте Мисирков„,ООУ „Христијан Карпош“, како и реконструкција на кров и фасада во повеќе училишта во општината.

 Градоначалникот Димитриевски најави дека ќе продолжат да работат со забрзано темпо и во последната година од неговиот мандат, остварувајќи ги предизборните ветувања со кои ја доби довербата од граѓаните, а со што повторно ќе ја побара поддршката од своите сограѓани за втор мандат како градоначалник на Куманово.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk