Мени

Куманово нема центар за неформално образование

22.11.2012 10:57 | KumanovoNews

  Откако се затвори работнички универзитет  граѓаните, кои имаат потреба од  курсеви и преквалификација чаре бараат во помалите околни градови.

Куманово нема центар за неформално образование

За разлика од други градови во државата, Куманово нема центар за неформално образованите. Поранешниот работнички универзитети или сегашно, универзитет за доживотно учење повеќе години наназад не работи, па граѓаните, кои имаат потреба од ваков вид на наобразба, мораат да одат во Тетово, Струмица, Штип, Велес, Охрид, Гостивар или во скопскиот “Кочо Рацин“.

Фризерите велат дека пред десетина години во Куманово постоел таков центар каде полагале испити и луѓето од Кратово и Крива Паланка.

- Потребен е таков универзитет бидејќи Куманово е голем град. Сега повеќето одат во Штип на курсеви. За три месеци можат да ги совладаат основните чекори во струката, но потоа треба пракса. Познавам луѓе кои со завршен курс за фризери отидоа во Австралија и таму работат бидејќи оваа професија е добро платена и дефицитарна на тие простори - вели Нела Захариева, сопстевник на фризерски салон “Нела“.

Од Работничкиот универзитетот “Кочо Рацин“ во Скопје објаснуваат дека за да оформат група потребни се 8 до 12 кандидати, а најголем интерес има за козметичари и фризери. Додаваат дека порано имале курсисти од Куманово, но сега кадарот се одлева кон Штип, бидејќи штипскиот универзитет работи со регрутери.

- Овие институции не се водат како работнички универзитети, туку како универзитети за доживотно учење, бидејќи имаше законски измени лани во март, со кои се трансформирани и пререгистрирани. Имаме луѓе од повеќе градови, доаѓаат дури и од Гевлегија. Вакви граѓански универзитети имаат Неготино, Прилеп, Битола и други места - објаснува Мане Колев, директор на Универзитет “Кочо Рацин“.

Во услови на голема невработеност, граѓаните излез гледаат во преквалификацијата која ќе им овозможи да стекнат нови вештини.

Куманово со децении го имаше работничкиот универзитет „Професор Мијалковиќ„, но згасна во 2002 година, кога беше иселен од зградата заради потребите на средното образование на албански јазик.