Мени

Куманово обезбеди помош за поплавените во Албанија

28.01.2010 13:46 | KumanovoNews

 Општината Куманово со останатите градови вклучени во балканската мрежа Балсинет ќе учествува во хуманитарна помош  за поплавените семејства во  Република Албанија.

Куманово обезбеди помош за поплавените во Албанија

 Градот обезбеди еден камион со 15 илјади шишиња минерална вода, плус сокови. Помошта деновиве ќе бидe испорачанa на организаторите во Тирана, а потоа ќе се дистрибуира во загрозените области. Вредноста на донацијата изнесува 3,5 илјади евра, сретства обезбедени од  буџет на Општината.

Во мрежата на балкански градови Балсинет, покрај Куманово со своја помош ќе учествуваат и Солун, Тирана и другите поголеми градови.