×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово повторно на врвот со 24 новозаболени од коронавирус, во Липково двајца

    17.08.2020 17:17 | KumanovoNews

    Куманово повторно е на врвот на листата со новозаболени од коронавирус во државата. Во изминатите 24 часа во Центарот за јавно здравје во Куманово откриени се нови 26 нови случаи позитивни на ковид-19. Од нив 24 се од Куманово и двајца од Липково.

    Куманово повторно на врвот со 24 новозаболени од коронавирус, во Липково двајца

    „Станува збор за различни групи на граѓани кои извршуваат различни професии. Меѓу нив и еден лекар од Кумановската болница. Најмалиот заразен е на 12 годишна возраст, а најстариот на 83 години. Причината за големиот број на новозаболени е од тоа што никој не ги почитува мерките, никој не носи маски ниту држи дистанца и ние очекувавме дека ова ќе се случи“, вели Ариф Љатифи, директор на Центрот за јавно здравје во Куманово.

     Зголемениот број на новозаболени во кумановско-липковскиот регион се должи и на тоа што не се почитува забраната за организирање на свадби и други прослави, кои се прават дома, но и во рестораните. Се очекува дека состојбата дополнително ќе се влоши откако ќе се вратат од одмор граѓаните кои беа во туристичките места во државата и надвор од неа.

    Во Куманово во изминатото деноноќие нема оздравени пациенти.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12840,  бројката на оздравени пациенти е 9361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2932.