Куманово со мал број овоштарници
11.05.2015 10:15
| KumanovoNews
Во кумановско има мал број на овоштарници, а тоа се потврдува и со фактот што со овошки лани биле засадени 276 хектари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во кумановско има 78.125 хектари обработливо земјиште, од кои под ораници и бавчи се 24.024 хектари, под лозја 705, а ливадите зафаќаат 744 хектари. Слична е состојбата и во општина Старо Нагоричане каде овоштарниците зафаќаат 124 хектари, а во Липково 53 хектари. Бројките покажуваат дека населението претежно се занимава со одгледување на житарици и раноградинарски култури.