Мени

Куманово уште го тресат силни детонации

09.05.2015 17:51 | KumanovoNews

Додека дел од домашните и странски медиуми ја пренесуваат информацијата дека полициската акција во Тоде Мендол завршила и дека терористите се предале, Куманово уште го тресат силни детонации и се слушаат поединечни и рафални истрели.

Куманово уште го тресат силни детонации

Од полициски извори од терен дознаваме дека веќе половина час се водат жестоки борби кај училиштете Вук Караџиќ, кое што најверојатно е упориште на вооружените групи.

Во тек е и евакуацијата на населението од населбата, а улиците во градот се пусти.