×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановска напредувала во МВР со фалсификувана диплома

    23.01.2019 14:10 | KumanovoNews

    Кумановската полиција, до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против три физички лица и две правни лица, поради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела од областите на правниот сообраќај и против злоупотребата на службената должност, согласно КЗ на РМ.

    Кумановска напредувала во МВР со фалсификувана диплома

    Имено кривично пријавени се С.С.(45) од Куманово, за сторени две кривични дела - фалсификување на исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, В.Ѓ.(57) од Тетово вработена како Референт за вонредни ученици во ССОУ “Моша Пијаде“ Тетово, за сторени две кривични дела - злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување исправа и М.Ч.(47) од Хрватска, со место на живеење во Скопје, вработен како оперативен директор на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, за сторени две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување исправа. Кривично пријавени се и правните лица ССОУ “Моша Пијаде” со седиште во Тетово и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје за сторени (по две ) кривични дела -злоупотреба на службена положба и овластување“ и фалсификување исправа.

    Имено, пријавената С.С. која од 06.06.2012 година е вработена во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР со тригодишно средно образование, спротивно на член 46 став 3 точка 3 од Законот за внатрешни работи на РМ, (со што од посочениот датум до денес противправно остварила личен доход во износ од 1.799.114 денари за кој е оштетен буџетот на МВР на РМ), по завршување на III степен на образование во СОУ “Перо Наков“ во Куманово, во учебната 2011/2012 година се запишала како вонреден ученик во ССОУ “Моша Пијаде“ во Тетово. И тоа во делот за сообраќајна струка – техничар за патен сообраќај за дообразование, при што непочитувајќи ги прописите за плаќање и пријавување на испити, за целиот овој период на дообразование уплатила вкупно 7.400 денари од предвидените 27.200 денари. Ваквиот начин на дошколување и овозможил на С.С. да се стекне со невалидна диплома за завршено четиригодишно средно образование за завршен Техничар за безбедносен сообраќај. И таа диплома ја употребила во неколку наврати приложувајќи ја во МВР на РМ, на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје и при движење во кариерата. Второпријавената В.Ѓ. вработена во ССОУ “Моша Пијаде” во Тетово на работно место Референт за вонредни ученици во периодот 2011-2013 година, константно ја злоупотребувала службената положба и овластување со неизвршување на својата службена должност, при што ги дозволила горенаведените дејанија и постапила спротивно на член 21 од Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување, полагање на испити и напредување на учениците во средните училишта.

    С.С. без завршено четиригодишно средно образование аплицирала, и на 18.07.2013 година без поднесена документација, се запишала како вонреден студент во приватна високообразовна установа Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје – Економски факултет Скопје, при што за целото студирање истата од вкупно 397.500 денари уплатила 15.000 денари за сите студиски години.

    Четвртопријавениот, М.Ч. вработен при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на работно место оперативен директор во Одделот за оперативни работи, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што и овозможил на С.С. на нелегален начин да се стекне со високо образование, при што го оштетил Универзитетот, а воедно и Буџетот на РМ.