×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница догодина ќе се грее на гас

    27.11.2018 08:03 | KumanovoNews

    Министерството за здравство ќе обезбеди средства за гасификација на Општата болница во Куманово на почетокот на 2019 година, најави министерот Венко Филипче при посетата на Куманово.

    Кумановската болница догодина ќе се грее на гас

    Парите ќе ги обезбеди од посебен фонд во буџетот, поради важноста на гасификацијата.

     Тоа го ставиваме како приоритет на Министерството за почетокот на 2019 година ќе одделиме посебен дел во буџетот токму за таа намена, посебно за Куманово, заради тоа што гасоводот веќе е стигнат до болницата, и најбрзо тој проект во целата држава може тука да се реализира. Свесни сме за важноста на гасификацијата, како во однос на загадувањето така и во економичноста на работењето на Кумановската болница, - изјави министерот Филипче.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, најави дека се подготвени да ги преземат обврските и да ја прошират мрежата до болницата во најкраток рок, бидејќи тоа е приоритет за Општината, а ЈП „Куманово-гас“ има капацитет да ги испорача потребните количини на гас.

     Најважно е финансирањето на внатрешната инсталација на болницата што чини многу повеќе во однос на донесување на самата гасоводна мрежа до локацијата. Тоа е реално оставрлив проект, што заедно ќе го реализираме следната година и се надевам дека болницата ќе го користи гасот како енергенс, со што ќе постигнеме и еколошки ефект - истакна Димитриевски.

    Кумановската болница и зимава ќе се грее на мазут, бидејќи немаше 200.000 евра да се гасифицира иако локалната и централната власт ветуваа дека ќе ја приклучат, заради заштеда на грењето и заштита на животната средина.

    За набавка на мазут болницата троши околу 50.000 евра, па инвистицијата ќе се исплати за 4 години.  Поради проблемите на стариот систем за геење и котлите, голем дел од топлинската енергија останува неискористена,  болничките соби и амбулантите се догреваат на грејалки или клима уреди, што создава дополнителни трошоци на електрична енергија. Речиси секоја зима пациентите се жалат на ладни радијатори, а надлежните тврдат дека греењето работи.

    Куманово започна со процесот на гасификација пред 10 години, но ниту една од централните институции не е гасифицирана, поради тоа што предходната Влада не сакаше да го подржи овој општински проект. Но, и по две години новата власт иако најавуваше не обезбеди пари за приклучок на ниту една институција.