Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општата болница Куманово објави телефонски броеви преку кои членовите на семејствата на заболените од коронавирус ќе можат да добијат информации за здравствената состојба на нивните најблиски. Терминот за контакт со здравствените работници е секој ден од 12 до 13 часот, а се повикуваат граѓаните да не ги злоупотребуваат броевите.
За пациентите кои се смесмени на Инфективно одделeние информации можат да се добијат на бројот 076/319-941, на Инфективно 2 или Невролошко одделение да се јават на бројот 076/319-935 и на Инфективно 3 или Одделението за уво, грло и нос на 075/295-352.
– Доставуваме телефонски броеви на кои членови на семејствата може да не контактираат секој ден од 12 до 13 часот и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните лица, заболени од вирусот САРС-Ковид-19.Ве молиме да го следите времето предвидено за информации и да не ги злоупотребувате броевите, - апелираат од Кумановската болница.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk