×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски акцијаши ќе го чистат ѓубрето од реките

    30.05.2017 10:00 | KumanovoNews

     Кумановски акцијаши наскоро ќе започнат со реализацијата на еко-проект „Зелено Куманово“, со кој ќе се уреди крајбрежјето на реките Липковка, Куманова и Коњарка.

    Кумановски акцијаши ќе го чистат ѓубрето од реките

    Акцијата ќе трае три месеци, а ќе учествуваат повеќе од 100 волонтери од земјава и странство.

    „Проектот предвидува сечење на зараснатите дрвја и грмушки во коритата на реките Липковка и Кумановка, и во широчина по два метри од двете страни, потоа чистење на реките од натрпаниот смет во должина од расадникот на Шумско стопанство во населбата Бедиње до Кумановска бања. Во рамки на проектот е и обнова на сите клупи во Стариот градски парк и на Градскиот кеј“,- изјави Јусуф Љатифи, претседател на Кумановски акцијаши.

    Проектот финансиски е подржан од Цивика Мобилитас, а ќе се реализира со подршка на Општината Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“.

    По завршување на проекот Кумановски акцијаши ќе организираат викен акции за одржување на чистотата на реките, кои сега се наоѓаат во катастрофална состојба.