×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот музеј годинава ќе реализира 26 проекти

    11.02.2015 13:13 | KumanovoNews

    Музеј Куманово во 2015 година ќе реализира 24 проекти со финансиска поддршка од Министерството за култура, плус два капитални проекти поддржани од Владата.

    Кумановскиот музеј годинава ќе реализира 26 проекти

    Според директорката Анита Цветановска, годинава ќе продолжат ископувањата на локалитетот Визијанус во село Клечовце, на локалитетот Костоперска карпа и Градиште во село Младо Нагоричане, како и туристичко уредување на Кокино. Ќе биде подготвена модна ревија од средината на 20 - от век до денес, која ќе гостува во Софија, Велес и Скопје.

    Вкупно 11 изложби ќе се одржат во Уметничката галерија Куманово, а музејот ќе испечати монографија за 50 години постоење.

    “Бидејќи кумановскиот музеј е познат по снимање на етно документарни филмови, и оваа година нема да застане. Ќе се работи на три етно документарни филма, најпрвин ќе се работи на “Светите води на Свети Марко“, потоа ќе се истражуваат обичаите на валавичарите и воденичарите и сето тоа ќе биде забележано со видео камера, ќе се направи етно филм кој ќе учествува на многу домашни и меѓународни етно фестивали. Минатата година се работеше истражување  на стрик на овци во село Отошница и годинава видео записот ќе се направи како филм. Се надевам дека ќе бидеме успешни како и досега, и дека ќе бидеме закитени со награди“ - изјави Цветановска.

     Планирано е и да се изврши увид на состојбата на сите споменици во кумановски крај, изложба со оружје од Османлискиот период па се до крајот на Втората светска војна. Ќе се истражува творештвото на Хаџи Косте зограф во Куманово, градежните техники на архитектурата и ќе се организира изложба за царските двери во кумановско.Истовремено ќе се конзервираат и реставрираат 72 икони од депото на црквата “Свети Никола“, и ноизматичката збирка во музејот.