×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските таксисти немаат патници странци

    21.11.2013 14:10 | KumanovoNews

    Кумановските таксисти сметаат дека немаат потреба да го изучуваат англискиот јазик, бидејќи во нашата општина нема странци со кои не можат да се разберат.

    Кумановските таксисти немаат патници странци

    Повеќето од нив тврдат дека никогаш во автомобилот не им седнал патник од странство, но доколку тоа се случи мислат дека ќе се разберат со него и со послабо познавање на англискиот.

    Јас да знаев англиски ќе отидев во Ирак или Авганситан. На 53 години да учам англиски нема логика. Не можам да замислам. Таму кај што има туристи во Охрид, Струга, Скопје нека учат. - вели Зоран А., таксист.

    Постарите такси возачи сметаат дека за нив изучувањето на англиски јазик ќе биде оптоварување и потенцираат дека оваа работа им обезбедува само гола егзистенција.

     Не треба да се учи бидејќи ова е последна скала за опстанок. Како можам јас на 60 години да учам англиски, јас македонски заборавив веќе од проблеми. Младите повеќето знаат, ама тие учат на училиште, гледаат филмови. Туристи во Куманово нема воопшто. Странци сум возел само од Србија, ако ги сметаме нив за странци. - изјави Момчило Т., таксист.

    Часовите по англиски јазик ќе ги покрива државата и општините, но и тоа не ги мотивира таксистите да седнат на книга.

     Ние не сме некои експерти за англиски, но можеме да се разбереме до каде сака да отиде патникот, до која дестинација да го одвеземе. Ние ќе научиме англиски јазик, но што ќе правиме со дивите таксисти?  На нив треба да се обрне повеќе внимание. Да биде агилна полицијата и инспекцијата, а не нас да не контролираат со лиценци, а тие си товараат патници. - се буни друг таксист.

    Од Министерството за транспорт и врски вчера соопштија дека секој такси превозник до јануари 2017 година ќе мора да говори основен англиски за што ќе добие лиценца, а до 2019 година треба да земе еден степен повеќе. Ова се најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај.