×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските земјоделци утре на протест во Скопје

    24.04.2017 19:04 | KumanovoNews

    Земјоделците од кумановскиот регион утре ќе се приклучат на протестот пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, незадоволни поради тоа што три години не земале субвенции.

    Кумановските земјоделци утре на протест во Скопје

    „Ние земјоделците произведуваме храна, а државните институции ни продаваат магла. Нашето трпение веќе заврши и затоа го креваме гласот. До 2014 година субвенциите секогаш се темпира намерно пред избори, но наша процена е дека сега нема пари, па затоа се служат со разни изговори. Бараме да се направи деблокада на инситуциите за да може и ние земјоделците да функционираме, бидејќи државата од нас бара да си ги подмириме обврските, а бензинските пумпи и земјоделските аптеки не можат до недоглед да чекаат да им платиме“, изјави Саша Арсиќ од здружението на земјоделци „Спас“.

    Земјоделците се жалат дека повеќето од нив не добиле средства за субвенционирање на производството од 2014 година наваму.

    Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има регистрирано околу 9.000 земјоделци и сточари, но поради проблемите со финсирањето и откупот на земјоделските производи, нивниот број постојано се намалува.