Мени

Кумот на Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово, велат од Левица

26.05.2026 10:05 | KumanovoNews

Додека граѓаните на Куманово живеат во хаос од урбанизација и масовно се иселуваат– блиските луѓе на Максим Димитриевски очигледно доживуваат вистински бизнис-бум, велат од Левица. 

 

Кумот на Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово, велат од Левица

Од партијата додаваат дека откриле нов скандал, од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. 

„Тоа значи дека една третина од сите прифатени иницијативи завршуваат кај фирма директно поврзана со најтесниот круг на градоначалникот. Во целата шема се појавува и Александар Крстевски – поранешен раководител на Секторот за култура, а денес директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Наместо институциите да работат во интерес на граѓаните, гледаме како функционери и луѓе блиски до Максим Димитриевски се вртат околу профитабилни бизнис-комбинации поврзани со енергетскиот сектор. Кумот на Максим Димитриевски се појавува и во скандалот со „Лидл", каде земјиштето предвидено за изградба на маркетот се нашло во сопственост токму на кумот Драган Митевски, уште пред јавноста да дознае дека германскиот трговски ланец ќе инвестира во Куманово“, велат од Левица.

Оттаму додаваата дека очигледно, во Куманово најбрзо се развиваат бизнисите на кумовите на Максим Димитриевски. 

„Кога една третина од енергетските иницијативи завршуваат кај фирма на кумот на градоначалникот – тоа не е „успешен бизнис“. Тоа е доказ дека ЗНАМ и Максим Димитриевски го претвораат Куманово во приватен бизнис-проект за блиски луѓе“, стои во соопштението.