Мени

Курир на суд фалсификувал потпис

02.02.2010 09:10 | KumanovoNews

Кумановската полиција  поднесе кривична пријава против Г.С.(39) од Куманово, курир во Основен суд Куманово за сторени кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „посебни случаи на фалсификување на исправа“.

Курир на суд фалсификувал потпис

Во текот на 2008 година, Г.С. требале да достави тужба на С.Ц. од Куманово. Наместо на доставницата да му се потпише примателот, тој се потпишал дека ја примил тужбата, со што го оневозможил С.Ц. во законоскиот рок да достави одговор на тужбата. Кога во Основен суд Куманово е донесена пресуда на штета на С.Ц., случајот бил откриен.