×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица бара Општина Куманово да формија ЈП за производство и продажба на електрична енергија

    27.09.2022 08:54 | Сузана Николиќ

    Советникот на Левица во Советот на Општина Куманово, Никола Лазаревски, поднесе иницијатива за донесување oдлука за изработка на физибилити студија за основање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија, за да се реши проблемот со кризата со електрична енергија.

    Левица бара Општина Куманово да формија ЈП за производство и продажба на електрична енергија

    Во образложението на иницијативата се вели дека со формирање на ЈП за производство и трговија на електрична енергија се отвара можност Општината да остварува приход од овие дејности, со што за краток период ќе го амортизира финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на претпријатието, да остварува и финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите за живот на жителите на Општина Куманово.

    „Првична цел на ова ЈП е да изгради фотоволтаични централи на сите поволни локации кои ги стопанисува Општина Куманово (кровови на училишта, градинки, општински згради итн.) и со нив да стопанисува, додека во втора фаза - да инвестира во производствени капацитети за електрична енергија на поволни локации во рамките на територијата на Општина Куманово. Во последната фаза на развој, ова ЈП самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции, како и други потрошувачи. Државното земјиште наместо да биде продадено на приватни лица кои имаат свои бизнис интереси во нашата општина, може да се искористи за поставување на фотоволтаични панели на погодните државни земјишта“, стои во соопштението на локалниот огранок на Левица Куманово.