×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лидерска средба за решение на кризата во локалната самоуправа, предлагаат градоначалниците

    11.05.2017 09:16 | KumanovoNews

     Лидерска средба на која сите политички партии ќе се договорат за промена на Изборниот закон за дефинирање на датумот за локалните избори, предлага градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски кој е потпретседател на ЗЕЛС, откако Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да расправа за иницијативата за продолжување на мандатите на градоначалниците и советниците.

    Лидерска средба за решение на кризата во локалната самоуправа, предлагаат градоначалниците

    „Апелот до лидерите на партиите е во наредниот период да се направи политички договор, за дефинирање и распишување на локалните избори. Промената на Изборниот закон се донесува со 61 глас, но ако немаме политички договор, законот донесен само со просто мнозинство можеби ќе има проблем во неговата имплементација понатаму. Затоа е потребна лидерска средба на сите политички партии во Паралментот кои ќе донесат консензуално решение за измена на изборниот законик со кој мандатот ќе трае до избор на нов градоначалник. Така ќе се избегне правниот вакум. Друго решение нема, колку поскоро се одржи лидерската средба толку побрзо ќе се разреши локалната криза- изјави Дамјановски.

     Тој додава дека локалните избори објективно можат да се одржат на крајот на септември или октомври, па доколку нема лидерска средба и политички договор ќе има комплетна парализа на локалната власт.

      „Јас сум во постојана комуникација со лидерот на партијата и со нашите коалициски мултиетнички партии и постои оптимизам. Дали ќе дојде до брза разрешница или ќе се чека јас неможам да кажам од оваа позиција, но мислам дека има најава дека во текот на оваа недела или почетокот на наредната недела ќе има лидерска средба. Ние од 15 мај нема да ги потпишуваме документите, тоа е децидно и јасно. Дали ќе се реши проблемот навреме или ќе дојде до празен од од ден-два-три, не знам, но мора да дојде до било каква разрешница“,- изјави Дамјановски.

    Советот на општината Куманово во петок ќе ја одржи одржи последната седница.