Литературен конкурс на тема „Новогодишна желба“
04.12.2019 10:17
| KumanovoNews
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, распиша литературен конкурс на тема „Новогодишна желба“, за учениците од основните училишта. Конкурсот започна вчера, а ќе трае до 20 декември.
Учесниците треба да ги достават своите творби (поезија и проза) во еден примерок, под шифра, а заедно со творбата на посебен лист да бидат наведени името и презимето на авторот, називот на училиштето, името и презимето на менторот. Творбите да бидат оригинални и автентични.
Литературниот конкурс е со награден карактер, а се организира по повод Новогодишните празници.
Завршната манифестација ќе биде одржана на 25.12.2019 година во 12 ч. во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

