Магла на патот Страцин - Крива Паланка и Кратово - Пробиштип
07.02.2015 10:14
| KumanovoNews
Намалена е видливоста на 50 до 100 метри, поради магла на патните правци Страцин – Крива Паланка и Кратово – Пробиштип, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Според информациите добиени од ЈП “Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.