×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Максим Димитриевски на 9 октомври ќе формира политичка партија

    29.09.2023 11:42 | Сузана Николиќ

    Максим Димитриевски најави дека на 9 октомври во Скопје ќе отпочне иницијатива за формирање на политичка партија.

    Максим Димитриевски на 9 октомври ќе формира политичка партија

    “На 9 октомври во пресрет на големиот празник 11 Октомври, во хотел Холидеј Ин во Скопје со почеток од 20 часот ќе организираме настан за формирање и потпишување на иницијатива за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија”, информира Димитриевски во соопштение испратено до медиумите.

    Димитриевски на локалните избори како кандидат за градоначалник на здружението „За наше Куманово“, во вториот круг победи со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, и сега се во владеачка коалиција во Куманово.

     “Ние претходно во Општина Куманово успеавме со една граѓанска иницијатива да победиме. Има многу луѓе кои што ќе се појават на оваа иницијатива коишто значат во нашето општество, а всушност никогаш не добиле шанса затоа што политичките системи се со затворени врати за таквите. Кај нас квалитетот ќе добие шанса во однос на квантитетот.  Тимот на Максим Димитриевски победи во Куманово и знае што треба да направи во иднина за да победи и Македонија да ја направи посреќно место за живеење”, стои во соопштението. 

    Првите луѓе во тимот на Димитриевски се главно поранешни членови на СДСМ и други партии, кои и предходно извршувале високи општествени и партиски функции .