Малолетници побегнале од дома откако не им дале да живеат заедно
Полицијата трага по двајца малолетници, 14-годишно девојче и 15-годишно момче кои биле во љубовна врска и побегнале од дома, бидејќи родителите им бранеле да живеат заедно.

Во саботата вечерта во 22 часот во полициската станица Куманово, Р.Х.(44) пријавил дека неговата 14–годишна ќерка се одалечила од домот, а истиот ден околу 21:30 часот во полициската станица Велес, Т.Ј.(40) пријавил дека околу 19 часот во неговиот дом дошло токму пријавеното девојче од Куманово, кое било во љубовна врска со неговиот 15-годишен син.
Девојчето и предходно повеќе пати доаѓало кај нив, а двете деца му кажале на таткото дека сакаат да живеат заедно.
Тој им рекол дека ќе ги пријави во полиција зашто се малолетници , по што тие излегле од домот и заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.
(мкд.мк)