×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мандатот на советниците истечен, градоначалниците со техничка функција до крајот на годината

    16.05.2017 12:58 | KumanovoNews

     Државниот инспекторат за локална самоуправа, кој ја следи законитоста на единиците на локалната самоуправа, смета дека според Законот за локална самоуправа, мандатот на градоначалниците трае до завршување на тековната година додека на советниците е истечен на 24 март годинава.

    Мандатот на советниците истечен, градоначалниците со техничка функција до крајот на годината

    „Мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа каде стои дека маднатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31-ви декември. Па со оглед на изминатиот мандат на советниците , градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат, во спротивно ќе се соочат со законски санкции,“ - стои во соопштението од Инспекторатот.

    Од таму додаваат дека мандатот на советниците е истечен на 24-ти март, поради што сите одлуки кои Советите на општините ги донеле по истекување на мандатот се поништени од Инспекторатот за локална самоуправа и ставени вон сила.