×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мандатот на советниците продолжен до октомври

    09.06.2017 14:10 | KumanovoNews

    Локалните избори ќе се одржат во првата половина на октомври годинава, до кога е продолжен и мандатот на градоначалниците и советниците.

    Мандатот на советниците продолжен до октомври

    Со законските измени овозможено е непречена работа на Советот на Општина Куманово и на 19 јуни е закажана нова седница на совет.

    “Со измените и дополнувањата на изборниот законик, Собранието на Република Македонија, определи, терминот за одржување на локалните избори да биде првата половина на месец октомври, а мандатот на советите и градоначалниците да трае до изборот на новите членови. Во духот на транспарентноста во работењето и достапноста со граѓаните, и понатаму продолжува соработката и отвореноста кон секој граѓанин на општината кој има свој предлог, барање или одреден проблем„- изјави претседателот на Советот Александар Арсиќ на прес-конференција.