„Мани, мани“ прогласена за најхумористична претстава на фестивал во Габрово
20.05.2019 10:15
| KumanovoNews
Претставата „Мани, мани, мани“ на Кумановскиот театар ја освои правата награда за најхумористична претстава на Меѓународниот фестивалот за хумор и сатира во Габрово, Бугарија.
„Секоја година учествуваме на фестивалот, но за првпат добивама награда. Во силна конкуренција од 8 театри од Бугарија, по оценка на публиката нашата претстава е прогласена за најсмешна, - изјави директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски.
Кумановскиот театар има одлична соработка со театарот во Габрово, и година ќе се реализира возвратна посета со претстава за кумановската публика.
Театар Куманово до крајот на летната сезона ќе има три премиери, а се подготвува и за учество на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

