×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марјанчо Ангеловски независен кандидат за градоначалник на Куманово

    28.08.2017 07:58 | KumanovoNews

    Марјанчо Ангеловски, дипломиран сообраќаен инжинер, вработен во СВР Куманово, поднесе  кандидатура до ДИК за независен кандидат за градоначалник на Куманово.

    Марјанчо Ангеловски независен кандидат за градоначалник на Куманово

    Ангеловски ќе влезе во трка за градоначалник на престојните локални избори ако собере 500 потписи до 4 септември.

     „Ги повикувам граѓаните да ми дадат подршка да ги соберам потребните 500 потписи и да влезам во кампања, бидејќи сум подготвен како човек да се ангажирам за остварување на повеќе цели, заради подобар живот на граѓаните,- изјави Ангеловски.  

    Тој ги повика неговите колеги полицајци, бранителите, резервниот состав на АРМ, таксистите и сите други граѓани кои го знаат, да отидет во канцеларијата на Министерството за правда, кое се наоѓа за Основниот суд Куманово и да му дадат подршка за кандидатурата.

     Ангеловски, засега е прв кандидат со независна кандидатура, додека зад останатите кандидати стојат политички партии.