Матеј Димковски го фати крстот во “Света Троица“
19.01.2015 09:47
| KumanovoNews
Матеј Димковски (18) од село Биљановце го фати светиот крст во базенот на црквата “Света Троица“.

Димковски за прв пат се фрла по светиот крст, и во иднина планира да скока по крстот на Водици.
“Очекувам здравје, среќа, љубов, пари. Прв пат се фрлам и имав среќа да го фатам крстот. Не беше тешко да се фати крстот. Времето беше добро, ни се погоди“ - рече Димковски.
Во базенот во дворот на црквата “Света Троица“ и оваа година по крстот сокаа претежно млади момчиња.