Матурантите да прославуваат достоинствено, апелираат од СВР Куманово
Матурантите да се воздржат од употреба на алкохол, психотропни супстанци и да не управуваат автомобили на матурските прослави, апелираат од Кумановската полиција.

„Матурските и полуматурските вечери да поминат достоинствено, убавите моменти да ги паметат цел живот, а да не ги претворат во кошмар или несакани настани. Родителите да не им дозволат на матурантите да заминат на матурска прослава со возило, без оглед на тоа колку нивното дете е разумно и одговорно, туку самите да ги превезат до угостителските обејекти или да користат такси превос. Исто така се апелира да се избегнуваат расправии, тепачки и физички напади, бидејќи со тоа се нарушува јавниот ред и мир, -стои во апелот на СВР Куманово.
Се препорачува до класните раководители на матурантите да одржат класен час на кој матурантите ќе им ги презентираат сите овие апели и препораки.