Меѓународен фестивал за краток филм „Филмај“ ќе се одржи во Куманово
Куманово ќе биде домаќин на првиот меѓународен фестивал за краток филм „ФИЛМАЈ“, кој го организира фото-кино клуб „Козјак“ - Куманово.

Фестивалот ќе се одржи утре во 19.30 часот во големата сала на Занаетчискиот дом во Куманово, кога ќе бидат доделени награди и ќе бидат прикажани наградените филмови.
На конкурсот се пријавија 45 филма од 8 држави и тоа: Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Холандија, Турција и САД.
Трочленото жири ги награди: Ото Ројшел за најдобра режија во филмот „Риски“, Росен Савков за најдобра кинамематографија за филмот „Тими“ и Лидија Мојсовска за најдобро сценарио во филмот „Награда“.
Дипломи за особено признание се доделени на следниве филмови: „ХАКИЕ – ХАКИ“, „Живеејќи како маж“ на Анабела Ангеловска, „Запирка“ на Сезер Салихи, „Мишко“ на Ханис Багашов, и „Заб“ на Ајдин Ислами.
Сите горенаведени седум филма ќе бидат прикажани во фестивалската вечер.
Влезот е слободен за сите посетители.