„Mерцедес” излетал од улицата и удрил во жардињера, двајца повредени
15.06.2019 12:45
| KumanovoNews
Две лица се повредени вчера попладне во 17.20 часот на бул.„ Трета МУБ“ во Куманово, кога патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(22) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало од коловозот и удрило во жардињера.

МВР соопшти дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Д., а сопатничката Ф.С.(19) од с.Лопате, кумановско, се здобила со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.