Мини саем на книга во Градската библиотека
14.06.2017 09:00
| KumanovoNews
Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во соработка со Издавачката куќа „Матица Македонска“ организира мини саем на книгата што ќе се одржи од денеска до сабота (14 до 17 јуни).

Љубителите на книгата ќе имаат можност да купат голем дел од нивните изданија кои во овој период ќе бидат достапни со поголеми попусти.