×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот за здравство секој петок ќе има средби со граѓаните, закажувањето е онлајн

    26.06.2025 10:02 | KumanovoNews

    На официјалната интернет страница на Министерството за здравство може да се закаже онлајн средба со министерот за здравство Азир Алиу.

    Министерот за здравство секој петок ќе има средби со граѓаните, закажувањето е онлајн

    Средбите ќе се одржуваат секој петок, почнувајќи од 4 јули, а средбите може да се закажуваат. Термините се на 15 минути, во периодот од 11 до 15 часот. Треба да се остави име и презиме, телефонски број и тема за разговор со министерот. Нема ограничување на темите, кажа министерот.

    Страницата е достапна на англиски, македонски и албански.

    „Работиме на тоа да им пружиме што е можно подобра здравствена заштита на сите лица во земјава“, кажа Алиу.