×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мисајловски вети решавање на инфраструктурните проблеми во кумановските села

    06.07.2020 12:15 | KumanovoNews

    Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборната единица 2, Владо Мисајловски, денеска оствари средба со жителите на селото Љубодраг и вети решавање на инфраструктурни проблеми.

    Мисајловски вети решавање на инфраструктурните проблеми во кумановските села

    Како што рече тој, не само во ова населено место, туку и во другите места ширум Куманово главни проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Куманово се инфраструктурните, за кои проблеми тие како партија се обврзуваат да ги решаваат во новиот мандат.

    „Постојано слушам за нерешени проблеми, постојано слушам за проблеми во инфраструктурата, проблеми со лични прашања од кои е засегнат секој еден граѓанин во Општината, затоа што Општината или некој локален функционер не сака да им ги реши. Постојано слушам како земјоделците се незадоволни. Зошто? Затоа што некои граѓани ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ, а централната и локалната власт се на СДСМ. Затоа ги повикувам граѓаните да ни дадат масовна поддршка за „Обнова на Македонија“, да ни дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, бидејќи навистина треба многу обнова, поготово во инфраструктурата тука во Куманово, особено во руралниот дел. Треба особено да се вложи повеќе средства за секое едно населено место“, рече кадидатот за пратеник Мисајловски.

    При  посетата, со кандидатите за пратеници од Куманово, Бране Петрушевски, Тихомир Алексовски и Кети Димковска, тој потенцираше и дека ВМРО-ДПМНЕ и тој како кандидат за пратеник и по 15 јули, повторно ќе бидат помеѓу граѓанитите и заедно ќе ги решаваат проблемите со кои се соочуваат со години наназад.

    „Сакам да упатам еден апел и до централната и до локалната власт, немојте да си поигрувате со интелегенцијата на граѓаните и немојте да ги правите некои граѓани дека се граѓани од втор ред. Ако имаат предмети за легализација, не им ги чувајте во вашите фиоки-решете им ги. Ако сте ветиле претходно со децении, дојдете појавете се пред овие луѓе тука каде што сум јас и објаснете им зошто тоа сте го ветиле, а не сте го направиле. Еве, јас јавно ќе кажам и после изборите насекаде ќе бидеме повторно со граѓаните, бидејќи овие работи шти тие ги кажуваат се важни, бидејќи тоа се реалните проблеми и ние политичарите треба да бидеме со народот“, посочи тој.

    Тој, на средбата со граѓаните, ја побара нивната поддршка и затоа што, како што рече, на македонскиот народ му е потребна и обнова на културата, на традицијата, на македонизмот, а пред се` на идентитеот, за кој ќе продолжат да се борат и понатаму.

    (Ф.Марковска)