×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите медицинари ги едуцираа основците

    28.04.2015 11:26 | KumanovoNews

    Средношколците од здравствената струка од “Наце Буѓони“,  ги посетија основните училишта во Куманово, каде организираа предавања за основците на здравствени актуелни теми.

    Младите медицинари ги едуцираа основците

    При тоа ги едуцираа учениците како да укажуваат прва помош, да не потпаднат под влијание на луѓе кои користат наркотични дроги, здравиот начин на  исхрана и користење на контрацепција.

    “Ова е проект од лани, кој оваа година го продолжуваме. Во првото полугодие учениците се подготвуваат, а во второто ги реализираат предавањата на теми кои се многу корисни за учениците. Да знаат причини, последици, како да укажат прва помош ако на некој му се слоши“ - вели Ленче Горшевска Ангеловиќ, професор по здравствена струка предмети во “Наце Буѓони“.

    Предавањата беа наменети за учениците од дветите одделенија.