Момче пријавено за исчезнато
18.04.2017 12:46
| KumanovoNews
Седумнаесетгодишно момче од селото Младо Нагоричане пријавено е за исчезнато.

Момчето излегло од дома во неделата околу 11 часот и повеќе не се вратило.
Откако семејството не го пронашло кај роднините и пријателите, случајот го пријавиле во Кумановската полиција.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.