Монопол не се продаде на првата аукција
27.03.2015 11:12
| KumanovoNews
На првата аукција вчера Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски“ не се продаде, бидејќи немало понуди.
“Имаше една заинтересирана фирма, но таа задоцни со уплаќање на депозитот и практично немавме понуда. По првата, Монопол ќе оди и на втора аукција која ќе биде за месец дена. Се нуди на продажба комплетната фабрика. Денот кога ќе се одржи аукцијата ќе биде објавен во дневниот печат и на страната на Централниот регистар во делот е-аукции“- рече Зоран Денковски, стечаен управник во Монопол.
Огласот за продажба на Тутунскиот комбинат беше објавен на 10 март.