Музички перформанс во Уметничката галерија во Куманово
05.06.2017 10:47
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се одржи мултимедијален настан.

Предвиден е музички/концертен/ перформанс на бендот „Обохтал“ (со Антонио Митевски и Давор Шеркиниќ), арт – перформанс „Проба“ на актерот Ивица Димитријевиќ и видео – арт презентација на ликовниот уметник Кристина Божурска под наслов Disguise.
Настанот претставува продолжена соработка на НУ Музеј – Куманово и ЗПРУ „Кибер Панк“ од Куманово.