×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР го истражува случајот со насилството на девојката во Куманово

    21.07.2021 19:58 | Сузана Николиќ

     СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот со насилство во Куманово, кое се гледа на видео снимката која денеска беше споделена на социјалните мрежи. 

     

    МВР го истражува случајот со насилството на девојката во Куманово

    „За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информира МВР.

    Денеска на социјалните мрежи беше споделена видео снимка под наслов „Кумановски тепач“, на која се гледа како момче удира и се расправа со девојка, а потоа доаѓа друго момче кое се пресметува со него.

    Тепачката била снимена од граѓани и споделена на социјалните мрежи, а се случи зад Центарот за култура во Куманово.